Анкета: Ако има парламентарни избори 26,1% од граѓаните би гласале за ВМРО-ДПМНЕ - 15,1% за СДСМ
Телефонска анкета на институтот Димтрија Чупоски спроведена во периодот од 24 до 26 јануари врз реперезентативен примерок од 1530 испитаници покажува дека доколку утре се оддржат парламентарни избори во Македонија, 26,1 процент од македонските граѓани својот глас би го дале за ВМРО-ДПМНЕ, а од друга страна 15,1 процент би гласале за СДСМ.
7,9проценти од граѓаните би го дале својот глас за ДУИ, 3,9 за ДПА, додека 28,3 проценти од граѓаните рекле дека се уште не знаат за кого би гласале, а 15.3 проценти изјавиле дека нема да гласаатако има парламентарни избори.
Според анкетата, премиерот Никола Груевски, со 26,7 проценти има најголема доверба од граѓаните, а лидерот на СДСМ Зоран Заев има поддршка од 7,5 проценти од населението. За лидерот на ДУИ, Али Ахмети би гласале 7,2 проценти од граѓаните.
На прашањето кој ќе слави победа на наредните парламентарни избори, 32,9 проценти одговориле дека тоа ќе биде ВМРО-ДПМНЕ, а само 14,8 проценти сметаат дека тоа ќе биде СДСМ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа