Бекутан меѓу брендовите кои ја надживеаа Југославија - досега продадени 45 милиони креми
Бекутан, Бамби плазма бисквитите, мотоциклите Томос, вегетата на Подравка и домашните апарати на Горење, се брендовите создадени во поранешна Југославија, кои успеале да се одржат на пазарот се до денес.
Според анализата на „Ал Џезира“, за време на поранешна Југославија многу брендови изградија имиџ и препознатлив квалитет кој им помогна да се одржат на пазарот. Меѓутоа во процесот на транзиција одредени компании наидоа на многу проблеми во понатамошно функционирање, што ги натера да ја променат стратегијата на работење.
Подравкината вегета е создадена на крајот на педесетите години, а денес се продава во 40 земји во светот.
Српскиот бренд Бамби, пак, во 1970 година произведувал 16 милиони кутии бисквити, додека денес произведува 70 милиони.
Македонскиот Бекутан е еден од најголемите брендови во регионот. Бекутан, чиј рецепт се чува како најголема деловна тајна, постои 36 години и до сега се продадени над 45 милиони креми.
Горење почнува со работа со околу 11 вработени, а денес работи и на азискиот пазар.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа