Инспекција ја чешла општина Центар - еве што начекале

 

Инспекции ја чешлаат општина Центар

Според информациите кои ги објавија повеќе медиуми инспекторите во скопската општина дојдоа веднаш откако беа објавени информации дека Жерновски направил неколку експресни вработувања, без огласи, на негови блиски луѓе и на сопартијци.  на самото место ги начекале новинарката од згаснатата телевизија „А1“, Kатерина Цаневска-Арсовска, која учествуваше и во „отпорот“ на опозицијата предводена од СДСМ, потоа Офелија Ивановска, поранешна новинарка во „Фокус“ и потпретседателката на ЛДП, Роза Топузовска-Kаревска.

Kако што веќе беше објавено, Жерновски изминативе неколку недели, со одлука, на платен список на Општината ја ставил Цаневска-Арсовска, како дел од секторот за поддршка на градоначалникот со плата од 44.000 денари. Таа за медиумите изјави дека не е вработена и не потпишала ништо, иако новинарите со неа стапиле во контакт преку телефонот на оваа општина. Меѓу примените е и Јулија Малахова, ќерка на член на СДСМ и член на Советот на Општина Центар во претходниот состав. Деновиве беа објавени и информации дека во општината речиси со полно работно време често доаѓа и поранешниот лидер на ЛДП и сопартиец на Жерновски, Ристо Пенов.