„Ќе бидеме безмилосни“ - Ристовски ги предупреди добавувачите на храна во училиштата
Сите добавувачи на храна за деца во образовните установи да внимаваат на нејзиниот квалитет, зошто во спротивно ќе се соочат со санкции, апелираше денеска министерот за образование и наука, Спиро Ристовски.
- Апелирам тие да бидат максимално внимателни затоа што во тој случај веќе нема да дискутираме за централизирана или децентрализирана одговорност, одговорност на Министерството или на општината... Во таква ситуација ќе ги ангажираме сите можни надлежни институции затоа што сме безмилосни кога станува збор за здравјето на децата и нема да дозволиме никој да експериментира и да реализира неквалитетна достава на храна кога станува збор за ученци во училиштата, рече РИстовски одговарајќи на новинарско прашање за затворањето на кујните во две училшта во Општина Центар министерот Ристовски, кој присуствуваше на Отворениот ден за органска храна во МЗШВ.
Колку што сум информиран за конкретниот случај, рече министерот, во двете училишта во Општина Центар беше извршен надзор од страна на Центарот за јавно здравје.
- Беше констатирана потреба од отстранување на определени недостатоци во снабдувањето на кујните. Ние како ресорно Министерство немаме директна надлежност во тој дел, но будно ја следевме целата ситуација и драго ми е што во рок од 24 часа Центар за јавно здравје констатира дека кујните се целосно во употреба, рече Ристовски.
Според информациите до кои стигнал министерот, добавувачите веќе си презеле санкции во однос на одговорните лица во сопствените компании.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа