Почнува ноќната ски сезона на Попова Шапка - вечерва ски картата е бесплатна

 

ЕЛЕМ ТУРС ДООЕЛ Скопје и ски-центарот “Попова Шапка” информираат дека од вечерва започнува ноќната скијачка сезона на македонската зимска убавица

 

 На ски-лифтовите Поток 1 и Поток 2 (или Тетекс), вечерва во 19:00 часот ќе бидат вклучени светилките и официјално ќе започне ноќното скијање.

Од ЕЛЕМ Турс информираат дека вечерва користењето на ски-лифтовите ќе биде бесплатно. Од наредните денови ќе важат вообичаените цени, односно 900 денари за целодневен односно 600 денари за полудневен билет и 400 денари за ноќно скијање

25.01.2014 - 14:03

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега