Македонија конечно ќе добие Државна кардиохирургија

 

Mакедонската Влада на последната седница донесе одлука за основање на Јавна здравствена установа Универзитетска клиника за кардиохирургија, информираше денеска министерот за здравство Никола Тодоров.

Како што информираше министерот, Државната кардиохирургија ќе биде отворена најдоцна за два месеци и прво ќе биде сместена во објектот на Хируршки клиники, се додека не заврши реализацијата на тендерот и градежните работи за реконструкција на Клиниката за кардиологија каде во иднина ќе биде сместена таа јавна здравствена установа.

Тодоров истакна дека прв пат по 50 години во земјава, Владата ја основа првата Државна кардиохирургија, која ќе реши повеќе децениски проблем.

 

24.01.2014 - 13:13

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега