Македонката која беше малтретирана од својот сопруг - висок функционер на ЕУ уапсена во Белгија

На мајката Ирена Петровиќ наместо да и се врачи пресудата од судот во Брисел е уапсена и затворена во белгискиот женски затвор Укле. 

- „Во затвор..во женскиот затвор во Брисел... Го очекувам адвокатот, изминатата ноќ го поминав во притвор, денеска сум во друг затвор.“ напиша мајката Ирена Петковиќ на својот Facebook профил.

Инаку, скандалозната одлука на белгискиот суд е дека мајката Ирена Петковиќ наводно го киднапирала  сопственото дете, и Пресудата се уште не беше врачена, само ја има видено според нејзини тврдења, како и целата судска постапка е водена без нејзина официјална покана и во отсуство на рочиштата.

 Според тврдењата на Ирена, таткото кој освен законските постапки, не покажал никаква реална грижа за детето, всушност нема директен контакт со ќерката но и одбива секаков комуникација со неа.

Голготата за Ирена Петковиќ започна кога пред две години беше  малтретирана од нејзиниот партнер  поранешен висок функционер на EУ. Судот никогаш не и го има одземено старателството, само физичката грижа била пренесена на таткото, оставајќи на мајката да ја гледа еднаш неделно на 8 часа. Тоа е времена мерка до следното пресудување која тралеа околу 2 месеци, а мајката и таткото имаат поделено старателство и во двете земји.   

 

најчитано сега