Разбојник призна и си ја договори затворската казна - прва пресуда без судење во Македонија

 

Разбојник се спогоди да го признае делото кое го направил и без судење да му биде “доделена“ тригодишна затворска казна.

Ова е прва казна во Македонија, по воведувањето на измените на Законот за кривична постапка, кои предвидуваат обвинителите да ја преземат должноста на досегашните истражни судии.

Од скопскиот Кривичен суд за Дневник ја потврдиле информацијата дека е донесена спогодба меѓу лице обвинето за разбојништво и Обвинителството, со која тој го признава делото и му се досудува спогодбена казна затвор од три години, без воопшто да почне судски процес.

 

24.01.2014 - 09:59

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега