Се уште никој не поднел кандидатура за претседател на СДСМ - рокот истекува денеска

Се уште ниту еден кандидат не ја поднел својата кандидатура за претседател на СДСМ иако рокот истекува днеска. Партискиот геренеален секретар Андреј Петров ја потврди оваа информација, но рече дека четири кандидати, најавиле дека тоа ќе го сторат денеска, а кандидатура се очекува и од иницијативниот одбор кој се залага на чело на партијата да остане Бранко Црвенковски. 
Станува збор за веќе профилираните кандидати, Кире Наумов, Зоран Заев, Зоран Јовановски и Игор Ивановски, како и петтата кандидатура, од иницијативниот одбор, за Бранко Црвенковски.
Партијата за утре има закажано Централен одбор на кој Верификационата комисија ќе требад а одлучи кои кандидатури ќе бидат прифатени и ќе бидат поставени пред Конгресот на 2 јуни

најчитано сега