Пратениците ќе ја продолжат 82. седница

Пратениците денеска ќе ја продолжат  82-та седница, на чиј дневен ред се предлог-законите за изменување и дополнување на Изборниот законик и за дополнување на Кривичниот законик, и двата по скратена постапка.

На дневен ред на седницата се и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за филмската дејност, по скратена постапка и Предлог-одлуката за избор на претседател, заменик-претседател и членови на Комисијата за верификација на фактите.

ПРатениците ќе расправаат и за предлог-законите за изменување на Кривичниот законик, и за изменување и дополнување на Законот за донации и за спонзорства во јавните дејности, двата во прво читање.

Разгледани ќе бидат и Предлог-законот за изменување на Законот за заштита на сведоци, поднесен од пратениците Павле Трајанов и Лилјана Поповска, во прво читање. Меѓу другите се и предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за лековите и медицинските помагала, на Законот за здравствената заштита, на Законот за вработување и работа на странци, Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност, Законот за социјалната заштита и на Законот за агенциите за привремени вработувања, сите во прво читање.

23.01.2014 - 09:02

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега