Регионална конференција „Англиски јазик и вашиот бизнис“

Во „Музејот на македонската борба за државност и самостојност“ во Скопје, денеска ќе се одржи конференција за англискиот јазик во бизнисот „Англиски јазик и вашиот бизнис“. Конференцијата е организирана од Британскиот совет во Македонија.

Целта на конференцијата е официјална промоција на нова и иновативна глобална алатка за оценка на познавање на англискиот јазик „Аптис“, која претставува меѓународен тест со кој прецизно се оценува способноста и јазичното ниво на кандидатите кои се пријавуваат на ова тестирање.

Свои обраќања на конференцијата ќе имаат Кристофер Ивон, британски амбасадор во Македонија, Елеонора Запрова, директорка на Британски совет во Македонија, Ендру Мекензи, директор на одделот за тестирање, Британски совет, Лондон Ник Кендал, раководител за испитна дејност во Западен Балкан, Британски совет, Белград.

Овој релативно нов метод на оценување, од 2012 година се спроведува во над 50 земји низ светот, а Британски совет годинава првпат ја вклучува Република Македонија на глобалната листа на земји каде се врши „Аптис“ тестирање. 

23.01.2014 - 08:53

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега