Многу музика и забава - „Макфест“ годинава во мај

 

Оваа година фестивалот на забавна музика Макфест ќе се одржи последниот викенд во мај 2014 година. 

Портпаролот на Општина Штип, Драган Ристов вели дека во тек се конкурсите за избор на директори на фестивалот и за песни.

- Што се однесува за конкурсот за директори распишан е уметнички и технички директор и истиот истекува на 27-ми јануари. Конкурсот беше објавен во два дневни весника, а што се однесува до мелодиите тој истекува на 27-ми март, вели Ристов.

Победникот на „Макфест“ ќе добие награда од 20.000 евра, потоа 15.000 евра за второ наградената песна и 10.000 евра за трето места. Парични награди се обезбедени и за најдобар дебитант и за најдобар сценски настап. Фестивалот годинава е финансиски поддржан од страна на Министерството за култура.

22.01.2014 - 15:12
Фото: 
кукурику

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега