Митревски: Минималната плата ќе се зголеми за 47% во некои дејности

 

Претседателот на ССМ, Живко Митревски, истакна дека со покачувањето на минималната плата во 2016 година ќе биде повисока за 25,22% од сегашно утврдената, а зголемувањето во дејностите каде што има одложено исплаќење, односно грејс период, до 2018, 46,96%. Во интервјуто за Економски.мк, Митревски вели дека со овие мерки ќе бидат опфатени 60-65.000 работници, што само по себе доволно говири за оваа мерка.

- За Сојузот на синдикатите на Македонија политиката на плати т.е. уредувањето на платите со закон и колективен договор, нивната висина, редовност на плата, се од примарно значење, имајќи предвид дека тоа е соодветен начин кој овозможува правилно и соодветно вреднување на трудот и механизам на заштита во борбата против сиромаштијата и одржувањето и унапредувањето на стандардот и квалитето на живот на вработените, односно граѓаните на Р. Македонија. Од друга страна, имајќи предвид дека политиките за плати може да имаат важна улога во остварувањето на одржлив економски развој, преку зголемување на домашната побарувачка, како и тоа дека целите за социјална правда мора да имаат суштинско место во креирањето на макроекономската политика, ни дава за право ова прашање постојано да биде отворено на дневен ред на нашата агенда за работа и точка за која постојано се разговара со нашите социјални партнери. Во услови кога државата се соочуваше со еконмска криза, огромна невработеност и сиромаштија, висока стапка на сива економија, ниски плати, првичното утврдување на минималната плата за ССМ претставуваше алатка за заштита на најзагрозената категорија вработени во државата кои земаа катастрофално ниски плати во износ помеѓу 4.500-5.500 денари. Се работеше за една не така помала бројка вработени околу 45-50.000. Се стави долна граница на платите, вели тој за Економски.

На прашањето дали очекува да се почитува договорот со кој работодавачите се обврзани дека ќе исплаќаат К15 на работниците, тој вели: - ССМ минатата година исто така направи историски исчекор во делот на заштита на работничките права со тоа што после повеќе години повторно го врати правото за исплата за регрес на годишен одмор што е вообичаена практика не само кај нас туку и во светот како исплата на плата за годишен одмор. Со организацијата на работодавачите покрај што го регулиравме ова прашање, регулиравме и други прашања за кои во старт се договоривме дека ќе придонесат за поефикасно, појасно и попрецизно определување на правата и обврските, но и за прашања вклучувајќи го и ова кое ќе ја подигнат и подобрат деловната атмосфера. Ние меѓусебно се договоривме дека ќе ги почитуваме и правата и обврските како два социјални партнери, а конкретно, недвосмислено е ова право да мора се почитува согласно член 205, став 1 од ЗРО, кој јасно дефинира дека Општиот Договор за приватниот сектор од областа за стопанството се применува непосредно и е задолжителен за работодавачите и вработените во прватниот сектор. Оваа одредба јасно упатува дека задолжителноста за исплата на платата е недвосмислена и како обврска на работодавачите важи за сите претпријатија од приватниот сектор, без оглед на тоа дали се мали, средни или големи. Не очекувам дека ова право нема да се почитува, со оглед на постигнатиот договор, но исто така јасни се одредбите поврзани со изрекување на глоби заради непочитување на ЗРО, за непочитување на договорените услови за вршење на работата определени со закон, КД и акт на работодавачот кои се изрекуваат и за работодавчот како правнио лице, но и за одговорните лица. Ако се има предвид дека заедно со МТСП, односно со трудовата инспекција воспоставивме нови односи и потранспарентна комуникација помеѓу синдикати и трудовиот инспекторат, верувам дека многу брзо и ефикасно ќе бидат елиминирани сите пречки за реализирање на ова право.

Тој додава и дека, ССМ како најголем синдикат во земјата не случајно во својата стратегија на дејствување посебно место му посвети на социјалниот дијалог како незаменлива алатака во градењето на социјалниот консензус како неопходна основа за општествен развој. Во услови на исклучителна криза која го зафати целиот свет, реформирајќи ги класичните методи и пристапи со осовременети институционални пристапи, ние настојуваме во еден континуитет да ја градиме својата позиција како релевантен социјален партнер. Во овој период можам да кажам дека имаме исклучитена значајна соработка и на висина на историската одговорност која ја имаме и со Владата и со работодавачите и со другите репрезентативни синдикати да креираме атмосфера која ќе обезбеди можност за подобра иднина на вработените, работниците и граѓаните во РМ, па можам да кажам дека сме исклучително добар пример и во поголемото опкружување за начинот на справување со проблемите.

- Со оглед на ова, за нас и двата социјални партнери се подеднакво важни, па преговарањето по однос на сите прашања, дали станува збор за преговори во јавен или приватен сектор, е со подеднаква тежина и радува фактот што генерално погледнато, во РМ креираме заеднички и со владата и работодавачите пристап кој обезбедува респектирање на интересите на социјалните партнери. Тоа е многу значајно и сметам, многу корисно за иднината на работниците и граѓаните во РМ, завршува Митревски.

 

22.01.2014 - 13:21
Фото: 
Фактор.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега