Годишнина од крвавиот напад на полицијата во Теарце

 

Денеска напладне ќе биде одбележана годишнина од нападот на полициската станица во Теарце во 2001 година, со кој почна вооружениот конфликт. Годишнината е организирана од Одборот за спроведување на определбите на Декларацијата на припадниците на безбедностните сили на Македонија кои беа учесници во борбата против тероризмот во 2001 година, (Одборот на Бранители) и ќе се одржи во Теарце. 

Пред точно 13 години, врз полициската станица „Теарце“ беа испукани два проектила од рачен ракетен фрлач, а веднаш потоа истата беше изрешетена со автоматски пушки. Во нападот загина Момир Стојановски, а потешко повредени беа Давор Евросимовски кој почина по неколку години и Борче Ѓуровски и Лика Јахи. 

ОНА ја превзема одговорноста преку коминикето со број 4 од 23. јануари 2001 година.

22.01.2014 - 11:32
Фото: 
старвест

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега