Самарас избегал од дуел со Груевски во Минхен модериран од Филе

 

Самарас одбил уште една понуда за директна средба со Груевски, јавува Дневник. Како што пишува весникот, грчкиот премиер ја одбил поканата на германскиот дипломат и амбасадот Волфганг Ишингер на Минхенската конференција за безбедност, која ќе се одржи на почетокот на февруари да има директен дуел со Груевски кој би го модерирал, еврокомесарот Штефан Филе. 

„Дипломатски извори потврдуваат за „Дневник“ дека поканата била испратена од Ишингер, кој е претседавач на Минхенската конференција. Според нашите извори, Ишингер предложил специјална дискусија за проблемот за името, која би се одржала на 2 февруари годинава на последниот ден од Минхенската конференција.

Освен Самарас и Груевски, поканет би бил и еврокомесарот за проширување Штефан Филе, кој ќе ја има улогата на модератор, но не се наведуваат други учесници на панелот за кој се предвидува да се одвива од 9 до 10 часот во хотелот „Бајерише Хоф“ во Минхен каде што и ќе се одржува конференцијата, која се отвора на 31 јануари“ - пишува Дневник.

Весникот пишува денка не се познати причините поради кои Самарас избегал од дуелот со Груевски

22.01.2014 - 00:07
Фото: 
Дневник

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега