Понеделник неработен за српската заедница во Македонија - ова се сите неработни денови годинава

Понеделник - 27 јануари кога се слави празникот Свети Сава е неработен ден за припадниците на српската заедница во Македонија. За ова денеска соопти Министерството за труд и социјала, и воедно на сите припадници на српската заедница им го честита празникот. 

Ова се останатите неработни денови до крајот на 2014 година.

• 21 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар

• 01 мај (четврток), Ден на трудот

• 24 мај (сабота) „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители

• 28 јули (понеделник), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам

• 02 август (сабота), Ден на Републиката

• 08 септември (понеделник), Ден на независноста

• 11 октомври (сабота), Ден на народното востание

• 23 октомври (четврток), Ден на Македонската Револуционерна Борба

• 08 декември (понеделник), “Св. Климент Охридски”

За граѓаните од православна вероисповед

• 06 јануари (понеделник), Бадник, ден пред Божик

• 19 јануари (недела), Богојавление (Водици)

• 18 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден

• 06 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден

• 28 август (четврток), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица)

За граѓаните од католичка вероисповед

• 21 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден

• 01 ноември (сабота), Празникот на сите светци

• 25 декември (четврток), првиот ден на Божик

За граѓаните од муслиманска вероисповед

• 4 октомври (сабота), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам

За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ

• 22 ноември (сабота), Ден на Албанската азбука

За граѓаните припадници на српската заедница во РМ

• 27 јануари (понеделник), Свети Сава 

За граѓаните припадници на ромската заедница во РМ

• 08 април (вторник), Меѓународен ден на Ромите

За граѓаните припадници на влашката заедница во РМ

• 23 мај (петок), Национален ден на Власите

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ

• 4 октомври (сабота), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ

• 28 септември (недела), Меѓународен ден на Бошњаците

За граѓаните припадници на турската заедница во РМ

 

• 21 декември (недела), Ден на настава на турски јазик

21.01.2014 - 11:27

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега