Нов мебел во домот за ученици во Крива Паланка

Учениците oд ученичкиот дом „Боро Менков“ од Крива Паланка добија нови 70 гардеробери во собите за престој, информираше директорот на домот, Валентина Јовевска.

Набавката е извршена во текот на зимскиот распуст со средства издвоени од сопствениот буџет за 2013 година, кога и била остварена јавната набавка.

- Обновата на инвентарот беше неопходна, бидејќи беше дотраен и во одредени соби недостасуваше доволно простор за учениците да ги сместат гардеробата и книгите. Покрај мебелот, деновиве се поставени и 5 нови камери за видео–надзор, рече Јовевска.

Поради задолжителното средно образование, рече Јовевска, концептот на сместување во ученичкиот дом е бесплатен, а стручните паралелки во средното општинско училиште „Ѓорче Петров“ се можност да се промовира домот и тој да биде потполнет со што поголем број ученици, од Кривопаланечко, но и од регионот.

Во тековната учебна 2013/2014 година, во ОУД „Боро Менков“ се сместени 50 ученици, меѓу нив неколкумина од Куманово, Кратово и Неготино. Сепак, потполнета е само една половина од сместувачкиот капацитет на домот, вели Јовевска.

Во „Боро Менков“, се работи на подобрување  и на условите во трпезаријата и на помошните спортски терени  во склоп на домот.

Од почетокот  на учебната година учениците кои престојуваат во ОУД „Боро Менков“ го  усовршуваат англискиот јазик под менторство на волонтерот од американскиот Мировен корпус во Македонија, Лакиш Аброу.

21.01.2014 - 09:01
Фото: 
regioni.mk

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега