Груевски најави - министрите веднаш се фатија за работа

 

 

Министерката за внатрешни работи  Гордана Јанкулоска и претседателот на Македонскиот полициски синдикат Тихомир Климовски денеска ќе одржат прес-конференција околу започнувањето на дијалогот за утврдување на динамиката и стратегиите за усогласување на платите на вработените во МВР со јавната администрација.

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, Живко Митревски и в.д. претседателот на Конфедерација на слободни синдикати, Виолетка Спасевска ќе одржат прес-конференција на која ќе зборуваат за зголемување на минималната плата.

Македонскиот премиер Никола Груевски, вчера во своето обраќање пред синдикатите во државата, најави надминување на предизвикот  со неусогласеноста на основната плата во Министерството за внатрешни работи  со основната плата во државната амдинистрација. За таа цел,  посочи дека ќе биде изработена повеќегодишна стратегија за усогласување  на основната плата во МВР со основната плата во јавната  администрација. 

Груевски истакна и дека Владата во наредните 10 дена ќе понуди законско решение со кое ќе се зголеми минималната плата во стопанството од сегашните 8.050 денари на 10.080 денар. Зголемувањето треба да се изврши во тригодишна динамика почнувајќи од март 2014 година до март 2016 година, а со тоа се очекува директно да  се зголемат примањата на околу 65.000 работници во Македонија. 

21.01.2014 - 08:30

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега