Реџепи се сретна со Страшевски во Приштина

Косовскиот министер за внатршни работи Бајрам Реџепи денеска во Приштина имал средба со македонскиот амбасадор во оваа земја, Илија Страшевски.

На средбата, која минала во пријатна атмосфера, Реџепи, најпрво, му ја честитал новата функција на Стрешевски. Двајцата соговорници посебно ја нагласиле одличната соработка меѓу владите на двете земји и искажале подготвеност за продолжување и проширување на соработката во разни области од заемен интерес.

Оваа соработка, како што оцениле, ќе се продлабочува во иднина и изразиле надеж да да вроди со резултати.

20.01.2014 - 19:38

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега