Попот за малку ќе се удавел - наместо по крстот, скокале по него
Попот Васко Каранфиловски, кој ја водел литургијата во Перт, Австралија, во еден момент поради невнимание изгубил рамнотежа и паднал од чамецот во реката. За среќа, спасувачите го извадиле жив и здрав, пишува весникот „Вест“.
- Сè беше прекрасно. Единствено ми беше невкусно и необично што попот чиноначалствуваше на лош англиски јазик пред македонски верници баш во услови кога го браниме македонскиот јазик. Па се израдував кога падна од чамецот во водата. Наместо по крстот, луѓето навалија по попот од вода да не се удави. Целата ситуација беше трагикомична - раскажал за весникот „Вест“, поп пејачот Јован Радњански, кој присуствувал на свеченоста.
Многу австралиски и странски туристи паѓањето во вода на попот го протолкувале како дел од ритуалот. Церемонијата ја следеле околу 300 верници, а по крстот се скокнале 40 македонски иселеници.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа