Груевски: Административците ќе добијат 5 отсто повисоки плати

 

Сите живееме во оваа земја, сите се залагаме за подобар стандард, економски раст и развој и нови работни места. Како што имаме заеднички успеси имаме и заеднички предизвици и грижи, рече денеска македонскиот премиер Никола Груевски, во своето обраќање пред претставниците на синдикатите.

-Во 2006-та на парламентарни избори за прв пат ја добив довербата да бидам премиер. Се деклариравме како влада партнер на синдикатот и заштита на работничките права. Најдобрата социјална политика е отворањето на нови работни места. Секогаш внимававме да не ги загрозиме приватните фирми и работните места. Во 2008-ма и 2011-та откако се виде дека ветеното го остваривме, граѓаните ги потврдија довербите во нашите политики. Довербата беше уште поголема обврска од нас. Да го засилиме темпото на работа, особено во сегментот за работниците и вработувањата. Работниците, работничките права, вработувањата се наш приоритет,истакна Груевски.

Тој во своето обраќање зборуваше и за реформите кои беа спроведени во овој сектор.

-Се зголемија платите во јавната администрација. Со новите економски политики, со намалување на даноците, успеавме со помалку даноци да прибереме во Буџетот повеќе пари од претходно. Потврдувам, годинава вработените во јавниот сектор ќе добијат покачување од 5 отсто од септемвриската плата, рече премиерот Груевски.

20.01.2014 - 11:24

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега