Три македонски филмови на фестивалот во Трст

 

Македонија се претставува со три филма на 25. фестивал во Трст, Италија, кој се одржува од 17-ти до 22 јануари, информираат од Филмскиот фонд на Македонија

Во официјална кункуренција на документарни филмови учествува филмот „Мама Европа“ на Петра Селишкар, а во конкуренција на кратки филмови - анимираниот  „Алерик“ на Вук Митевски.

Во склоп на филмскиот маркет WEMW (When East Meet West) ќе биде претставен дебитантскиот филмски проект „Крани“ на Ѓорче Ставревски,  кој е еден од петнаеситината  селектирани во конкуренција од над 300 пријавени проекти.

- На филмскиот маркет се поканети филмските фондови од Бенелукс како земји во фокусот. Целта е тие да се сретнат со проектите од Источна Европа и да се развијат пошироки филмски копродукции, информираат од Фондот.

Директорор на Фондот, Дарко Башески ќе има свое обраќање на официјалните презентации и ќе говори за филмската дејност во Македонија, новиот закон и новата Агенција за филм на Македонија. 

20.01.2014 - 10:44

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега