Дeбата за можноста за добивање дете со помош на сурогат мајка

 

На Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство денеска ќе се одржи јавна дискусија на тема „Концепт за изменување и дополнување на Законот за биомедицински потпомогнато оплодување заради воведување на можноста за добивање дете со помош на сурогат мајка“.

Според најавите, на дискусијата ќе учествува министерот за здравство Никола Тодоров.

Целта, како што велат од ресорното Министерство, е да се отвори дебата на оваа тема во која ќе учествуваат стручни лица, експерти, организации истакнати во областа, кои со своите коментари и предлози ќе дадат квалитативен придонес кон изготвувањето на измените и дополнувањата на Законот за биомедицинско потпомогнато оплодување заради создавање законски можности за добивање дете со помош на сурогат мајка. 

20.01.2014 - 09:54

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега