Пратениците ќе расправаат за новиот состав на Лустрациска

Собранието на Република Македонија денеска треба да ја продолжи 80. седница на која единствена преостаната точка е  Предлог законот за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Романија за соработка во областа на образование, наука, култура, мас-медиуми, млади и спорт.

Според планот, пратениците потоа ќе ја продолжат 82. седница на која ќе расправаат за Предлог одлуката за избор на претседател, заменик претседател и членови на Комисијата за верификација на фактите.

На дневен ред на 82. седница, меѓу другото, се и Предлог законот за реализација на инфраструктурен проект за изградба на магистрален гасовод, Делница „Клечовце – Блок станица 5“, како и измените и дополнувањата на законите за данокот на добивка, за персоналниот данок на доход, за филмската дејност и за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, на Законот за медиуми, на Изборниот законик и на Кривичниот законик, сите по скратена постапка.

За дел од законските решенија за кои ќе се дебатира на денешните седници на Парламентот, претходно ќе заседаваат собраниската Комисија за финансирање и буџет и Законодавно правната комисија.

20.01.2014 - 08:21

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега