Распустот заврши - учениците се враќаат во училишните клупи

Заврши тринеделниот зимски распуст. 280.000 основци и средношколци денеска ќе се вратат во училишните клупи. 

Второто полугодие ќе стартува со екстерно тестирање на средношколците во завршна (трета или четврта) година, кои тестовите по двата предмета ќе ги полагаат на 22-ри и на 24 јануари. Тестирањето ќе биде според нов пристап, кој ќе им го олесни испитот на учениците зашто е креиран систем во кој се внесени прашањата по сите наставни предмети.

За останатите ученици - од трето одделение до трета година средно - екстерното тестирање ќе биде на крајот на учебната година. 

20.01.2014 - 08:16

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега