ВМРО-ДПМНЕ: Светлината на големиот празник да ни го осветли патот и да не научи да живееме заедно
ВМРО-ДПМНЕ денеска на сите верници им го честиташе големиот христијански празник Богојавление Христово – Водици.
- Светлината на големиот празник треба да ни го осветли патот и да не научи да живееме заедно, заедно да се радуваме на успесите и заедно да работиме за нашата благосостојба. Само така ќе ја постигнеме заедничката цел, напредок на нашата Македонија. Денешниот ден нека донесе радост, топлина мир и спокој во секој дом. Во името на денот да се потсетиме на христијанските вредности на љубов, хуманост и благосостојба кон нашите ближни. Денешниот ден нека биде радост за секој од нас и нека не води по патот кон личниот успех и среќа. Ако сме сите заедно сплотени и чекориме по правиот пат, тоа ќе биде успех за државата, стои во честитката на ВМРО-ДПМНЕ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа