Намален бројот на убиствата во 2013 година

Според податоците од МВР во текот на изминатата година се намалил бројот на убиства во Македонија. Во 2013 се регистрирани вкупно 20 кривични дела убиство, додека во 2012 година беа регистрирани вкупно 28 дела, што покажува дека се работи за намалување од 29 проценти.

Најголемиот број убиства се извршени во Скопје, потоа Штип, Тетово и Куманово, како и Радовиш, Кратово, Велес, Демир Хисар, Гостивар и Кавадарци. Засега нерасчистени останаа само 5 од вкупниот број убиства.

Според начинот на извршување, најголем број, односно 12 се извршени со пукање од огнено оружје , три од нив се со употреба на тврд предмет, две со нож, по едно со секира и физичка сила, додека едно убиство е извршено со употреба на стап и физичка сила, а жртви биле 22 лица, од кои 15 од машки и седум од женски пол. 

Според податоците од полицијата 15-те досега расветлени убиства се јавуваат 18 лица, сите од машки пол, при што 13 од убиствата ги извршиле поединци, едно убиство е извршено од три лица, а при извршување на едно убиство, на сторителот му помагало уште едно лице кое е пријавено за кривично дело „помагање“. Инаку, по извршување на четири убиства, сторителите си го одзеле животот.

Најчесто убиствата биле извршувани поради нарушени семејни односи, расправии, нерасчистени имотно-правни односи помеѓу соседи, при извршување на разбојништво и на кражба.

19.01.2014 - 14:44
Фото: 
А1.он

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега