Жена го фати крстот во Штип па и го украдоа - интервенираше полицијата за да и го вратат

 

Во Штип денеска светиот крст отиде во рацете на 31-годишната Борислава Васкова. Оваа жена успеа да ги победи сите 40 момчиња кои се обидоа да го фатат крстот, но при настанот дојде до инцидент откако дел од момчињата и го зедоа крстот од рака. 

Свештеникот кој чиноначалствуваше реагираше за веднаш да и биде вратен крстот на штипјанката. По неколку часа со помош на полицијата крстот и беше вратен на Борислава, пренесе АЛфа.

Инаку, годинава се скокаше по крстот и во градскиот базен, а среќниот добитник е Методи Пеливанов.

19.01.2014 - 14:00
Фото: 
Алфа.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега