Премиерот Груевски му подари лап-топ на стружанецот кој го фати крстот

 

Во Струга денеска светиот крст го фати Томче Голабоски. 

- Поголема чест од оваа што го фативме крстот нема. Ова ми е трета Богорица, кажано на наш јазик што значи дека по третпат го фаќам крстот. Да даде Господ секој да почувствува какво е чувството. Немам зборови со кои можам да го опишам. Ние сме тројца во тајфата кои скокаме, изјави Голабоски по излегувањето од студените води на реката Црн Дрим.

На црковно-народниот собир во Струга присуствуваше и премиерот Никола Груевски, кој на Голабоски му подари лап-топ компјутер.

Инаку, кум годинава е  Дончо Прентоски, кој живее и работи во Германија.

19.01.2014 - 13:43
Фото: 
МИА

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега