ФОТО: Нов модерен објект ќе го краси Скопје
Официјално денеска беше поставен камен-темелникот на новиот објект на Турскиот театар во СКопје. На означувањето почеток на градбата присуствуваше и премеирот Никола Груевски, кој денеска има набиена агенда.
-Уметноста е процес, а не производ и затоа ние треба да ја поддржиме. Половина век Турскиот театар е двигател на македонската театарска уметност и досега 40 години заедно делеаобјект со Албанскиот театар за конечно пред една недела да започне реконструкцијата на Албанскит театар и денеска изградбата на Турскиот театар, вели премеирот.
Турскиот театар ќе биде модерен објект кој ќе го краси Скопје и ќе биде на 8 нивоа од кои 5 надземни и 3 подземни, со капацитет за 450 посетители.
-Културата на една држава во многу нешта зависи од почитувањето и афирмацијата на културните различности кои опстојуваат на нејзиниот простор. Различностите се богатство на државата по кое таа е препознатлива во светот, богатство кое треба да се негува и да се користи како извор на креативен потенцијал, истакна министерката за култура Елизабета Канческа Милевска, која денеска присуствуваше на поставувањето камен-темелник заедно со премеирот Груевски.
Во текот на изминатите седум децении овој ансамбл создаде специфичен и креативен театарски израз кој ја промовираше турската театарска традиција во културниот живот во нашата држава. Токму затоа Владата на Република Македонија и Министерството за култура го поддржаа проектот за изградба на новиот современ објект на Турскиот театар, додаде Канческа Милевска.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа