Иванов на традиционална средба со дипломатскиот кор
Македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов денеска во Гевгелија ќе приреди прием за членовите на дипломатскиот кор, акредитирани во Република Македонија.
Според соопштението кабинетот на претседателот, обраќања ќе имаат претседателот Иванов и доајенот на дипломатскиот кор, амбасадорот на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Кристофер Ивон.
Според програмата, утре во претпладневните часови, е предвидено да се одржи презентација на инвестициските можности на општините Гевгелија, Дојран, Богданци и Валандово, да се посети Амамот, што датира од 19 век, како и посета на Националната установа – Музеј на Општина Гевгелија,а по повод Богојавление-Водици, ќе присуствуваат на црковниот чин – осветување на водите на Дојранското езеро и положување на Светиот крст.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа