Внимавајте како возите - маглата создава проблеми
Сообраќајот на сите државни патишта во републиката се одвива непречено, по наместа влажни коловози.
Поради магла намалена видливост до 50 метри има на патните правци Радовиш - Струмица, Струмица - Валандово, Струмица - Ново Село и Куманово - Крива Паланка. Намалена видливост од 50 до 100 метри има на патните правци Скопје - Тетово и Тетово - Гостивар. Намалена видливост над 100 метри има на патните правци Скопје - Велес, Кочани - Виница, Штип - Неготино и Штип - Велес.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово - Велес, Маврово – Дебар - Струга, Демир Капија - Удово, Кочани - Делчево и Берово - Виница, каде е можна почеста појава на одрони.
Геодетските активности за потребите за изработка на проектна документација за рехабилитација на патниот правец А-1, делница Неготино - Демир Капија се завршени и сообраќајот е нормализиран. Завршени се и сите теренски активности (геодетски и геомеханички истраги) долж патниот правец А-1, делница Миладиновци - Куманово.
Заради вршење на градежни работи за реконструкција и санација на мост на река Брегалница кај селото Долни Балван, Општина Карбинци, се забранува сообраќајот во двата правци по локалниот пат село Долни Балван - село Таринци во термин од 14.01.2014 година до завршување на реконструкцијата на мостот на река Брегалница.
Патниот правец Р2 332, Охрид - Ресен преку Галичица (врска со Р1307 (Царина)-врска со А3 и Р1301 (Трпејца), од месноста Корита до зимскиот центар Отешево се затвора сезонски за сообраќај на сите возила. Оваа забрана ќе трае до 31.03.2014 год. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини нема подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа