Тело на маж виси обесено на дрво во паркот спроти Нова Македонија во Скопје

Непознато машко лице утрово било пронајдено обесено на дрво во паркот на булеварот Мито Хаџивасилев Јасмин спроти зградата на Нова Македонија во центарот на Скопје. Како што дознава Press24 од полициски извори станува збор за повозрасно машко лице кое било пронајдено обесено утрово околу 8:20 часот. Од полицијата ја потврдуваат оваа информација и велат дека во моментов се врши увид. Се уште нема инофрмации за идентитетот на човекот.

најчитано сега