Сарачини: Нашата цел е трансферите од дијаспората да се конвертираат во конкретни инвестиции

 

Министерот за економија Ваљон Сарачини денеска во Тетово истакна дека Владата има направено повеќе политики за создавање добра бизнис клима за инвестиции.

- Првиот  факт е тоа што имаме потпишано договори за слободна трговија со сите земји во Европа, па на инвеститорите, односно компаните што ќе работат кај нас им се отвара пазар од 650 милиони жители. Најважен момент е тоа што Македонија го има најдобриот даночен пакет не само во регионот, туку и во Европа за што имаме добиено признанија од повеќе релевантни меѓународни финасиски институции како Светска банка, Херитиџ и слично што потврдува дека имаме нашите политики за привлекување на инвестиции одат во добра насока, изјави Сарачини во Центарот за развој на бизнисот на Универзитетот на југоисточна Европа во Тетово.

Министерот Сарачини ги посочи официјалните статистички податоци според кои во 2012 година приватните трансфери од странство во државава изнесувале околу 1,6 милијарди евра или 20 отсто од бруто домашниот производ.

- Овие приватни трансфери се за 8 до 10 отсто поголеми од директните странски инвестиции и целта е тие да се конверираат во конкретни инвестиции со што ќе се отворат повеќе работни места што пак ќе донесе и поголем економски развој. Министерството за економија со Агенцијата за странски иневстиции, општините и стопанските комори ќе продолжат да работат во оваа насока и очекувам во следниот период и официјализирање на вакви инвестиции од дијаспората во тетовскиот регион, рече Сарачини.

 

16.01.2014 - 15:06

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега