Медијаторот Нимиц ќе го информира ЕП за преговорите за името
Комисијата за надворешни работи на ЕП го повикала медијаторот Нимиц да информира за преговорите за името на Македонија.
Оваа информација ја соопшти весникот „Катимерини“, додавајќи дека состанокот на Комисијата, на кој би требало да присуствува и медијаторот, треба да се одржи во февруари.
Последнета рунда преговори за името се одржа во Њујорк во октомври минатата година. Нимиц тогаш, како и вообичаено, прво одвоено се сретна со амбасадорите Јолевски и Василакис, а потоа одржаа и заеднички состанок. Според грчките медиуми, тогаш на маса се уште беше априлскиот предлог „Горна Република Македонија“.
По средбите во Њујорк, Нимиц, на новинарско прашање дали Вашингтон и Москва можат да извршат притисок врз Атина и Скопје, ги повика сите, од секоја владина организација позитивно да влијаат со цел процесот на преговори да успее.
- Секогаш ги охрабрувам сите кои можат да имаат позитивно влијание врз ова прашање да го направат тоа. Овие преговори се во рамките на ОН и се утврдени со Советот за безбедност и Привремената спогодба. Но тоа не значи дека други не можат позитивно да придонесат. Затоа ги повикувам сите, од секоја владина организација, позитивно да влијаат со цел процесот да успее, ја пренесоа тогаш грчките медиуми изјавата на Нимиц
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа