Триесет дена притвор за Лирим Јакупи Нацист
Триесет дена зад решетките во Дубрава ќе остане Лирим Јакупи Нацист. Истражниот судија го прифатил барањето на специјалниот обвинител на Еулекс, да го задржи зад решетки бегалецот по кого Македонија трага веќе десет години.
Специјалното обвинителство во Приштина во истиот рок има можност да ги провери обвиненијата за кои го бара македонската полиција. Од МВР, Еулекс веќе побарале помош.
Нацист по излегувањето од Дубрава, минатиот петок беше уапсен за потерницата распишана во 2004та за обидот за убиство на полициски службеници при интервенцијата во Шуто Оризари и обидот за негово апсење во Тетово истата година.
Процес во кој одговараше и за незаконско поседување и користење на огнено оружје за што доби затворска казна од 15 години.
Нацист македонската полиција го бара и за делото тероризам, откако на 7ми Ноември 2007та успеа да побегне за време на акцијата Планинска бура во тетовско Бродец.
И за овој случај Нацист од македонските судови доби казна затвор од 15 години во отсуство
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа