Кој ќе влезе во трката за Претседател на Македонија

 

Неполни три месеци остануваат до денот кога ќе се избира шефот на државата, а партиите се уште тактизираат со фаворитите. Се финализираат и внатрепартиските анкети кои ќе селектираат најмногу тројца кандидати на кои членството им дало најголема доверба. Сепак, двете најголеми партии оставаат сериозна можност во изборната трка да влезат со натпартиски кандидати. На крајот на овој месец или на почетокот на следниот на партиските конвенции ќе се носат одлуките кој ќе биде избран за официјален кандидат за првата фотелја.

Неофицијалните информации што доаѓаат и од ВМРО-ДПМНЕ и од СДСМ, велат дека неизвесноста трае и во владејачката ВМРО-ДПМНЕ и на Бихаќка", а со конкретен став досега не излегле ниту интегративците на Ахмети, и покрај тоа што во неколку наврати се изјаснија дека се за консензуален кандидат.

Она што досега е извесно е довербата на гласачите кон универзитетските професори. Во најтесните анкети за кандидати за претседателскиот трон влегуваат дури четворица професори.
Политичката ситуација во моментов дополнително ја усложнува и дилемата дали актуелниот претседател Ѓорге Иванов ќе бара доверба од граѓаните за уште еден мандат. И покрај тоа што се шпекулираше дека Иванов нема да бара нов мандат, последните информации велат дека актуелниот претседател високо котира на анкетите на јавното мислење, што повторно го враќа во изборниот барабан.

Целата анализа прочитајте ја во Вечер

13.01.2014 - 12:06

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа