Спорот за името на агендата на Венизелос и Кери
Грчкиот министер занадворешни работи, Евангелос Венизелос денеска патува за Париз каде ќе оствари средба со францускиот министер за надворешни работи, Лоран Фабиус.
Венизелос утре заминува за САД, каде во четврток ќе се сретне со американскиот државен секретар Џон Кери. Венизелос и Кери се очекува да разговараат и за грчко-македонскиот спор за името.
Според информациите на грчкото МНР, двајцата министри ќе зборуваат и за кипарското прашање, за приоритетите на грчкото претседателство со ЕУ, енергетиката, економската криза и улогата на Грција во регионот на Средоземјето, Северна Африка и Блиски Исток.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа