Седници на четири собраниски комисии

 

Во македонското Собрание денеска седници ќе одржат комисиите за економски прашања, за надворешна политика, за култура и за земјоделство, шумарство и водостопанство.  

Комисијата за економски прашања ќе расправа за предлог законите за заклучување на стечајните постапки отворени согласно Законот за присилно порамнување стечај и ликвидација и заЗаконот за стечај и за за вонсудско спогодување, двата во второ читање, како и за предлог-законот за дополнување на Законот за индустриската сопственост, во второ читање и за предлог -законот за изменување и дополнување на Законот за туристичката дејност, во прво читање.

Предлог-законот за ратификација на Договорот помеѓу Република Македонија и Босна и Херцеговина за измени и дополнувања на Договорот помеѓу Република Македонија и Босна и Херцеговина за правна помош во граѓанските и кривичните предмети е на дневен ред на седницата за Комисијата за надворешна политика.

Членовите на Комисијата за култура ќе го разгледаат Предлог - законот за изменување и дополнување на Законот за донации и за спонзорства во јавните дејности, во прво читање.

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе расправа за Предлог - законот за квалитет и безбедност на ѓубрива, биостимулатори и подобрувачи на својствата на почвата, во второ читање и предлог-законот за дополнување на Законот за идентификација и регистрација на животните, исто така во второ читање.

13.01.2014 - 08:34

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега