Одбележани шест години од хелихоптерската несреќа кај Блаце

 

Во катлановско Блаце денеска беше одбележани годишнина од трагичната хелокоптерска несреќа во која животот го загубија 11 мировници  припадници на воздухопловната бригада на АРМ.

Делегации од Министерството за одбрана, Генералштабот на АРМ, Здружената оперативна команда на АРМ, вбр, предводени од заменикот на началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Насер Сејдини, како и членовите на семејствата на загинатите припадници на вбр положија венци со цвеќе на Спомен обележјето кај катлановско Блаце, додека делегацијата од Република Македонија предводена од државниот секретар во Министерството за одбрана Сашо Стефаноски заедно со претставници на АРМ им оддадоа почит на трагично загинатите војници и положија венец со свежо цвеќе на спомен обележјето.

- Загубата на нашите 11 мировници е прва непреболена загуба на Република Македонија во нејзиниот придонес кон глобалната безбедност и светскиот мир. Загинатите мировници беа одлични и достојни промотори на заложбите на Република Македонија во придонесот за создавање траен мир и безбедна средина во нашиот регион. Секогаш кога зборуваме за нашите постигнувања во евроатлантските интеграции, војниците и старешини во меѓународните мисии беа посебно издвојувани и потенцирани како нашата најголема вредност, тие се нашите амбасадори на мирот, рече Стефановски.  

За потсетување, македонските мировници кои се враќаа дома по шестмесечната мисија во АЛТЕА, на 12 јануари 2008 година околу 9 часот и 30 минути полетаа со хеликоптерот „МИ 17“  од базата Бутмир кај Сараево. Требаше да слетаат на воениот дел од скопскиот аеродром, а последниот контакт со контролната кула леталото го направило на шест милји од целта. Во несреќата животот го загубија потполковник Тони Спасовски, мајор Горан Ристовски, капетаните Бране Спасовски и Игор Ѓорески, заставниците Славчо Василев и Тони Давитковски, постарите водници Јанко Шириќ, Мики Ивановски, Александар Тасковски и Александар Васиќ и десетарот Златко Вељановски.

12.01.2014 - 15:30
Фото: 
Лидер.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега