Расте бројот на дечиња заболени од Варичела во Македонија
Во Македонија се повеќе се зголемува бројот на дечиња кои се заболени од варичела. Како што објавува Алсат М, од Институтот за јавно здравје велат дека на ниво на цела Македонија последните два месеци се повеќе деца заболуваат од овој тип на сипаници.
Само во текот на месец декември, со варичела или овчите сипаници се заразиле 1.310 лица, а претходниот месец 1000.
- Во Скопје во последните два месеци започна пораст на бројот на заболени, најчесто заболуваат дечињата од детските градинки. Имаме податоци и од Центарот за јавно здравје на Скопје во кои се вели дека голем број детски градинки и училишта се зафатени со варичелата. Имаме голем број заболени дечиња, бројот на заболени на ниво на Скопје за месец декември е околу 450, што во однос на предходниот месец има зголемување за 30 отсто - рече Гордана Кузмановска, епидемиолог од Институтот за јавно здравје, пренесува Алсат М.
Исто така, минатата година во однос на 2012, двојно се зголемил бројот на заболени од овчите сипаници.
За да не се шири болеста, се препорачува да се седи дома и да се внесуваат витамини за јакнење на имунитетот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа