Александар Македонски бил отруен?
Научници од Нов Зеланд тврдат дека Александар Македонски нејверојатно починал како последица од труење со токсична билка со која било зачинето виното што го пиел.
Според Дејли Меил, истражувачи од Универзитетот „Отаго“ на Нов Зеланд сега тврдат дека виното што го пиел Александар Велики било зачинето со билка, која со ферментација станува смртоносен отров. Според нив тој бил отруен со кукурек, односно со неговиот цвет.
Според шефот на истражувачкиот тим Лио Шеп, теориите за труење со аресн или стрихин не се реални, бидејќи во таков случај смртта би настапила многу брзо.
Кукурекот е зелеста билка со зелени листови, а неговите цветови можат да се најдат во 20 различни бои. Кукрекот вообичаено расте во борови или букови шуми, но се користи и како саксиско цвеќе. Бидејќи спаѓа во групата на отровни билки, кукурекот се користи само како украсно растение.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа