„Биди и ти вистински василичар!“ - стартува Вевчанскиот карневал
Во Вевчани денеска официјално започнува манифестацијата Вевчански карневал. И оваа година вевчанци преку маските ќе ја покажат својата смисла за хумор. Акцентот на групните василичарски маски ќе биде ставен не само на политичките случувања туку и на други моменти од културно-забавниот и економскиот живот во Македонија.
Предвидени се бројни интересни содржини за присутните. И оваа година ќе биде избрана најдобрата групна маска од страна на акредитираните новинари.
Инаку, „Филмски ноти“ е концертот што по повод празникот Василица, Македонската опера и балет традиционално и оваа година, ќе го одржи вечер и утревечер, под диригентство на Саша Николовски-Ѓумар.Публиката ќе има можност на сцената да ги види првенката на Операта Весна Гиновска Илкова, Ѓорѓи Цуцковски, Владимир Саздовски, Наде Талевска, Олгица Христовска, Олгица Милевска, Ламбе Алабаковски, Тамара Тодевска, Влатко Лозановски-Лозано, Горан Наумовски, Ѓоко Таневски, Верица Пандиловска, Андријана Јаневска, Елена Петреска, Маја Гроздановска-Панчева, Ана Мицковска, Дејан Бобиќ-Дексо и Александра Јанева.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа