МАН: СДСМ да престане да ги напаѓа новинарите кои не се по нивни вкус
Македонската асоција на новинари – МАН, протeстира против настапите на СДСМ во јавноста во кои се пласираат неосновани напади и квалификации против новинарите, со цел истото да се користи за нивните дневно политички потреби.
СДСМ на прес конференција, ја нападна уредничката на „Вечер“, и новинарка на „Сител“, Ивона Талевска само од една причина, зошто нејзината мајка била партнер во странска форма која се занимава со медицинска опрема и ја пласира истата во Македонија според услови предвидени со закон, не наведувајќи ниту едно незаконско дејствие кое произлегува од тој процес. Притоа, дадени се низа квалификации од партиско - политичка перспектива за потреби на СДСМ - со кои се прави јасен обид да се влијае штетно на угледот на новинарот за кој станува збор.
Ден потоа, СДСМ на прес конференција излегува со наредба до МРТВ да се објавуваат нивните прес - конференции, без оглед дали тие имаат, или немаат содржина која претставува јавен интерес.
За само два дена, СДСМ изврши грубо кршење на новинарските права и слободи, мешање во уредувачка политика на медиуми, и напади врз новинари кои не се според нивнен вкус.
Новинарството има долга историја и бројни искуства кога оваа партија, СДСМ, активно работела на уривање на слободното новинарство и дисквалификација на новинари кои не се дел од нивниот партиски сервис, па така и овие послени обиди се само дел од тоа искуство, непрекинато присутво веќе 20 години.
Никој нема право даограничува членови на семeјство на новинарите со што ќе се занимаваат, особено кога е тоа согласно законот. Никој, а сосбено не СДСМ, нема право да наредува дали и ако некоја редакција ќе ги пренесува нивните прес- конференции, особено кога истите се одржуваат со свесна намера да се влијае и дисквалификува новинар.
Да потсетиме, СДСМ е единствената политичка партија која во повоена Европа протестирала пред седиштата на медиуми, односно токму пред Сител ТВ и МРТВ, што не е видено во ниедна друга европска држава, со директни закани и притисоци против медиумите и новинарите кои работат во нив.
Сметаме дека последните настапи на СДСМ се обид да се дефокусира јавноста од фактот дека тие немаат аргументи да се борат против нивните партиски противници, па предизвикуваат внимание создавајќи конфликт со новинарите.
Патем, ако се заинетерсирани за новинарството, ги упатуваме на последните делења дипломатски пари, овојпат преку холандската амбасада и нивната фондација „Сорос“, во која повторно се делат милион евра дипломатски и соросовски пари за новинари блиски до таа партија, до СДСМ, за проекти кои реално не ни постојат, а треба да бидат финансиски надоемст на новинари кои одработуваат за СДСМ.
Интегрален текст од Македонската асоцијација на новинари.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа