Пронајден атласот на Маја близу местото каде беше најдена мртва - семејството трага по планината
Kаде се чизмите со кои моето дете замина од дома? Маја беше најдена боса. Невозможно е диво животно да ги откопча и да ги извади чизмите од нозете. Зошто на телото нема ниту една гребаница и нема плускавци или рани на нозете ако пешачела до таму? Ова се зборовите на Ристо Блажевски, таткото на малолетната Маја која беше пронајдена мртва на планините над Охрид.
Како што јавува Дневник, семејството на Маја од Лешани која 50 дена се водеше како исчезната, заедно со полицијата го пребарувале теренот каде Маја беше пронајдена мртва.
Семејството побарало од полицијата дозвола да заминат таму за да го пребараат теренот во обид да најдат некакви траги што би го расчистиле случајот. Според нив и според жителите на околните села, Маја не можела сама да залута на планината и поради тоа не веруваат во наодите на полицијата дека залутала и починала од студ, пишшува Дневник.
- Го најдовме атласот на Маја. Беше на околу 50 до 100 метри од местото каде што било телото. Во близина пронајдовме и женско палто. За нас тоа е чудно бидејќи палтото се совпаѓаше со шалот кој Маја го носеше кога се врати дома откако првпат избега. Палтото и шалот ние не сме и ги купиле, а ниту таа имала пари да го купи. На местото се уште имаше остатоци од косата на Маја - вели таткото Ристо за Дневник.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа