Кината се попривлечни за македонската публика
Државниот завод за Статистика соопшти дека во 2012 година имало за 36,8% повеќе филмски проекции, во однос на 2011 година, а зголемен е и бројот на посетители на кината. За 149,2% е зголемен бројот на посетители во однос на истиот период.
Вкупниот број проекции бил 689, од кои 88 на домашни филмови и 512 на странски. Најмногу проекции, 377, имало во општина Карпош, а потоа следуваат: Центар со 144, Битола со 92, Охрид со 30, Свети Николе со 25, Кочани со 13 проекции.
Од вкупно 297.943 посетители на кината во 2012-та, најмногу биле во кината во општина Центар (182.235). Повеќе биле посетени странските филмови (193.779 гледачи), а на проекции на домашни филмови биле 80.643 посетители.
Статистика посочува дека во Македонија минатата година работеле 14 кина - три во општина Центар, две во Карпош и по едно во општините Охрид, Струга, Пробиштип, Кочани, Свети Николе, Битола, Гевгелија, Куманово и Крива Паланка.