Екологистите дадоа зелено светло за туристички комплекс на Субрата Рој во Љубаништа
Проектот на индискиот гигант Субрата Рој за градење туристички комплекс кај Љубаништа еприфатлив доколку се внимава на примената на сите предвидени стандарди за заштита на животната средина. Ова е наведено во студијата за влијанието врз животната средина на планираните објекти на туристичката развојна зона „Љубаништа 1“, чиј изработувач е консултантската куќа „Енвиро ресурси“.
Останатите процедури се веќе завршени, а за да биде реализиран проектот се очекува уште дефинитивниот став на УНЕСКо, бидејќи дел од градбите ќе се градат во водите на Охридското езеро кое е под нивна заштита.
Станува збор за огромен туристички комплекс кој ќе го гради индискиот тајкун Субрата Рој во Македонија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа