Груевски ќе го означи почетокот на реконструкцијата на Албанскиот театар во Скопје
Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, денеска ќе присуствува на започнување на проектот за темелна реконструкција на објектот во кој е сместен Албанскиот театар.
На свеченоста денеска ќе се обрати вицепремиерот за спроведување на Рамковниот договор Муса Џафери и министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска.
За потсетување, Министерството за култура минатиот месец најави дека во 2014 година треба да почне и изградба на Турскиот и на Струмичкиот театар, за кои се избрани изведувачите.
11.01.2014 - 10:11
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа