Бројката се дуплираше - болниците ги полнат грипосани кумановчани
Во општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане евидентирани се 173 лица заболени од сезноски грип, информира Центарот за јавно здравје Куманово.
Бројката на заболени е двојно поголема во однос на минатиот месец, кога биле евидентирани околу 80 лица. 102 од заболените лица, се на возраст од 15 до 64 години.
Епидемиологот Јадранка Стаменковска вели дека според возрасната структура следуваат заболени од пет до четиринаесетгодишна возраст и лица над 64 години.
- Најголемиот број, 109 лица се пријавени на Инфективното одделение од кои четиринаесет се на болничко лекување, рече Стаменковска, пренесува МИА.
Од Центарот за јавно здравје информираат дека општо е зголемена бројката на заболени од горнореспираторни инфекции. Во Куманово вакцина против грип примија илјада и двесте лица.
Лекарите препорачуваат често проветрување на просториите, одржување викоко ниво на лична хигиена и исхрана богата со витамини, како превенција од заболувањата карактеристични за овој период од годината.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа