Девет патеки по кои се станува милионер

 

Постојат шаблони во богатењето. Еве по кои животни патеки најчесто чекорат милионерите.

- Почнете со ништо и пораснете во опасно маало. Еден куп успешни луѓе морале да се борат за својот живот на дневно ниво за да успеаат.

- Работете го тоа што го сакате… и молете се да постои пазар за истото. Стив Џобс рекол дека единствениот начин да направите нешто големо е да го работите тоа што го сакате. “Ако не сте откриле се’ уште што е тоа, продолжете да барате. Не се задоволувајте со помалку”.

- Следете го “патот со жолти цигли”… кој води до Силиконската долина. Хај-тек индустријата направи богашати од огромен број луѓе. Само Микрософт брои околу 12.000 милионери меѓу своите поранешни вработени.

- Отворете сопствен бизнис и живејте како монах. Две третини од американските милионери се самовработени. И најголемиот дел од нив живеат под своите материјални можности. Дали навистина ви треба нова кола или најновиот Ајфон?

- Преземајте ризици и верувајте им на инстиктите. Најголемиот дел од луѓето или се премногу исплашени од ризици или преземаат глупави ризици. Ризикувајте кога тоа вам лично ви има смисол.

- Жртвувајте го слободното време и останати животни активности. Директорката на Јаху, Мариса Мејер, е сериозен работохоличар со 90 часа неделно. И таа е само еден од многу примери.

- Произведете си ја сопствената среќа. Се вели дека среќата се случува кога приликата ќе се сретне со подготвеноста.

- Останете во брак. Секој развод меѓу другото значи и збогување со половина од она што го имате.

- Диверзификувајте. Намалете го ризикот да загубите се’ така што ќе ги инвестирате своите пари во повеќе различни работи. Така имате и повеќе шанси да се збогатите.

 

 

07.01.2014 - 23:18

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега